Полицијата во Детроит бара крадец за кој жртвите велат дека имал жолти искривени заби и лош здив. Ја ограбил истата банка и пред неколку месеци и минатата седмица. Во последниот грабеж однел нешто повеќе од 500 евра.


Освен лошиот здив, вработените во банката запомниле дека е висок, слаб, гнасен и дека целиот смрди. Ја ограбил банката давајќи му на вработениот ливче на кое била на пишана закана. Пишувало дека носел пиштол, но никој не го забележал.