Охридската локална сампоуправа бара изведувач кој ќе се погрижи за осветлувањето на Малиот плоштад кај Мини Маркет и ќе ја реализира третата фаза од осветлувањето на пешачка патека Студенчишта-Св.Стефан во должина од 210 метри.
Според Јавниот оглас кој беше објавен вчера преку Електронскиот ситем за јавни набавки, вкупниот износ на оваа јавна набавка е околу 33.000 евра или точно 2.076.271,19, а критериум за избор на изведувачот ќе биде најниската понудана цена. Рокот за поднесување на понудите истекува на 31-ви јули 2015 година во 13 часот.
Од oпштина Охрид претходно информираа дека во текот на оваа седмица ќе се одвиваат активностите на завршната фаза од поплочувањето на плоштадот кај Мини Маркет со гранитни плочи и ќе биде изведено мозаичното решение на фонтаната.
OhridNews