Универзитетот Кембриџ бара кандидат на докторски студии кој има посебна љубов кон благото. Станува збор за работа која е поврзана исклучиво со истражувањето на чоколадото. Поголемиот дел од работата е ескпериментална, а ќе ја надгледуваат академци со „големо искуство во истражувањето на меките материи“.
На проектот ќе се истражуваат факторите поради кои чоколадото, кое се топи на температура слична на телесната температура, ја задржува крутоста и сите свои квалитети кога се складира. Имено, важно е да се пронајде решение како чоколадото што подолго и на што повисоки температури би издржало во својата првобитна состојба без да се растопи. Да додадеме дека за оваа работа се потребни и исклучителни математички способности.