“Се замолува човекот кој остави злато и голема сума на пари во главната железничка станица во Келн итно да ги контактира надлежните служби” гласеше апелот на полицијата во овој германски град која се обидува да го пронајде сопственикот на неколу килограми злато и шестоцифрена сума на евра.


Како што пренесуваат германските медиуми златото и парите биле пронајдени уште во април во кутија на железничката станица во Келн, а овој “оглас” е последната шанса да го пронајдат сопственикот пред златото да оди на аукција.