Центар за култура „Григор Прличев“
Од 27.10.2022 - 20:00 до 29.10.2022 - 20:00
Извонредната претстава на Народниот театар Охрид „Секс лаги љубомора“, во режија на доајенот на македонскоото глумиште Коле Ангелкоски, со месеци го полни гледалиштето на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Приказната на големиот мајстор на францускиот театар и на таканаречениот булевар на комедии, Марко Камолети, исполнета со љубовни сплетки и неочекувани пресврти, на оригинален начин ја носи одличната актерска екипа која ја сочинуваат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ – Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ – Вељаноска и исклучителната Марија Новак која дава посебен шмек на претставата која лудо вози 2 часа и дваесеттина минути, кои минуваат за миг.
Откако експресно беа распродадени сите претстави во октомври, најавени се уште две изведби на „Секс, лаги љубомора“, на 27 и 29 октомври. Воедно тоа ќе бидат последни репризи на хит претставата на Народен театар Охрид за оваа година, информираат од Центарот за култура во Охрид.
Г.М.