Американската полиција од Детроит бара банда постари жени за кои се сомневаат дека извршиле повеќе кражби и измами. Бабите со украдени картички и чекови подигнуваат пари во локалните продавници и банки. Надзорните камери успеале да ги снимат иако се обиделе да се маскираат со шешири и очила за сонце.
Иако кражбата на чанти е многу вообичаено кривично дело, необично е тоа што жените се здружиле. Започнале да крадат пред една година, а последната кражба била пред една седмица. Полицијата се сомнева дека досега успеале да украдат половина милион долари. Веруваат дека станува збор за банда од пет или шест жени. Според фотографиите изгледа дека жената која ја украла чантата никогаш не оди да ги подигне парите.