Еден португалски брачен пар бил победник на натпреварот во бакнување под вода, одржан во португалското место Констанција. Успеале да издржат под вода со споени усни една минута и осумнаесет секунди. Ова е втор пат по повод денот на заљубените да се одржува ваков натпревар во португалското гратче, а градоначалникот се надева дека ќе стане традиција. Овогодишните победници го срушиле рекордот на минатогодишните.


Натпреварот кој се одржува в локалниот базен исто така треба да ги потсети луѓето дека бакнувањето не е само романтично, туку и здраво, бидејќи се употребуваат 29 мускули и се троши многу енергија. Победниците добиле бесплатно ноќевање во хотел, романтична вечера и крстарење.