Од тринаесет парови кои учествувале во натпреварот за бакнување одржан во конгресниот центар Џорџ Р. Браун во Хјустон, по петнаесет и пол часа непрекинато бакнување останале само два пара. Натпреварот започнал во саботата попладне, а завршил во неделата рано наутро.


Финалистката Натали Силвас го бакнувала Лики Орозц, а Лаши Тејтс била во прегратка на Кристофер Грин. Наградата изнесувала 10 илјади долари, а двата пара ги поделиле тие пари. И минатогодишниот натпревар завршил со изедначен резултат, но тогаш по цели 22 часа бакнување.