Во тек е асфалтирање на улици во попвеќе делови на градот и приградските населби. Деновиве нов асфалт доби улицата “Анастасија Узунова”.

Улицата комплетно е асфалтирана во должиба од 330 метри и ширина од 3,5 метри, информира локалната самоуправа.

Исто така деновиве се асфалтираат и локални улички во село Косел во вкупна должина од 350 метри и ширина од 3 метри.

Овој зафат е реализиран во рамки на програмата за асфалтирање на улици и патишта во урбани средини, соопшти Општина Охрид.

Г.М.