Во рамки на уредувањето на централното градско подрачје, денеска се асфалтира реконструираниот дел на улицата „Партизанска“ во Охрид.

Изминатите денови беше обновен и дел од коловозот на улицата „Димитар Влахов“, како реконструкција на двете пристапни улици на новоизградениот булевар „Македонски просветители“ во центарот на градот.

Од Општина Охрид истакнуват дека со овие активности централното градско подрачје го добива заслужениот изглед.

OhridNews