Активностите за асфалтирање на улици на териорија на Општина Охрид продолжуваат. Денеска, во рамки на програмата за асфалтирање на пристапни улици и патишта во рурални средини, се врши асфалтирање на краци од улици во село Лескоец, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека асфалтирани се вкупно 280 метри со просечна ширина од околу 4 метри, а зафатите ги изведува АД Илинден.

OhridNews