Деновиве во општина Дебрца завршија активностите за крпење и асфалтирање на ударните дупки и асфалтирање на локалните улици во населените места. Активностите започнаа во селото Мешеишта со крпење на прекопите од изградената канализациона мрежа како и тампонирање на ударните дупки.

Се изврши крпење и санирање на ударните места на локалниот пат до с.Мраморец, како и на регионалниот пат од с.Ботун до с.Белчишта. Беше извршено тампонирање и асфалтирање на локални улици во с.Мешеишта, с.Волино и с.Белчишта со вкупна должина од 700 метри. Покрај асфалтирањето и крпење на ударните дупки се пристапи кон асфалтирање на паркинг просторот кај манастирот с.в Сите Светии село Лешани и воедно се асфалтира влезот и платото пред ЦОУ „ Дебрца“ с.Белчишта.

Вкупната вредност на реализираните работи е 4 милиони денари, а работите ги изведуваше АД Гранит – Скопје.

OhridNews