Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, а денес се поставува првиот слој на асфалт, информираат од Општина Охрид.

Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување. Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, велат од Општина Охрид.

OhridNews