Подготвенo за асфалтирање на третата и последна делница од проектот „Реконструкција на локална улица “Шопев мост – Здравствен дом Вевчани”.
Со оваа делница го проширивме максимално и влезот во Вевчани кој води од с.Октиси, информира градоначалникот Спасе Кочоски кој изври увид на градежните зафати.
Градежните работи започнаа во мај годинава, а се во рамки на инвестициите за обнова на патната инфраструктура во Вевчани планирани за годинава, заедно со реконструкција на улиците „Крепо“ и „Попој – Млака“.
Инвестициите во обнова на главната локалната патна инфраструктура ќе продолжат и во иднина за што веќе се аплицирани проекти за обезбедување на финансиски средства до различни донатори, информираше Кочовски кога беа потпишани договoрите за изведба на овие инфраструктурни проекти.
OhridNews