Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, должина од 1200 метри и ширина од 5 метри.
Овој инфраструктурен проект, велат од Општина Охрид, се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.
Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места, посочуваат.
OhridNews