Во тек се активности за асфалтирање на крак од улица „Илија Смически“ во село Лескоец, информираат од Општина Охрид.

Должината изнесува 310 метри и ширина од 3 метри. Вкупната асфалтирана површина изнесува околу 1000 м2. Оваа активност се спроведува во рамки на договорот за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид.

OhridNews