„Одлучивме во повеќе градови во државава, фокусот да го ставиме на советничките листи бидејќи сакаме да дојдеме до позиција, да имаме клучно влијание во советите и да ја иницираме нивната работа, рече денеска на прес-конференција, носителот на советничката листа од Социјалдемократската унија од Охрид, Веле Митаноски.
Како што рече Митаноски, советничката листа за Охрид е избалансирана во поглед на стручноста, родовата еднаквост и територијалната застапеност, а тенденциите се подигнување на дигнитетот на советот.
Помеѓу 23-та кандидати, по Митаноски, на листата за советници во охридскиот совет се претседателот на партијата во Охрид, Марко Спасески, Марина Целакоска, Наумче Кордоски, Жарко Куциноски, Аница Ангелеска, Билгин Тоска, Борис Влавчевски, Јана Кароска и десетти е Александар Крстаноски.
Димче Андрески
На прес-коференцијата беше претставен и Димче Андрески, кандидатот за градоначалник од општина Дебрца.„Во Дебрца треба да се отвори нова страница“, рече Андрески и посочи некоку од неговите приоритети, меѓу кои развојот на алтернативниот туризам, унапредувањето на позицијата на жените во рураните средини и омасовување на мансатискиот туризам, особено во селото Лешани.
Даниел Огненоски
СДУ деновиве поднесе иницијатива за потпишување декларација за фер и демократски избори на општинско ниво. „Политичките конкуренти засега не покажаа голем интерес, освен неколку од нив, но се уште има време“, рече претседателот на партијата во Охрид, Марко Спасески и додаде дека неговиот потпис врз декларацијата ги изразува напорите за зачувување на достоинството на овие избори.
А.Р.