Актуелниот градоначалник на општина Дебрца прекумерно трошел општински пари за гозби и ручеци, обвинува ОО СДСМ Дебрца.

„Од завршните сметки на општината се гледа дека во изминативе четири години само за ставката „репрезентација“, односно за гозби и ручеци, од џебот на граѓаните Трајкоски потрошил 1.185.520 или 19.340 евра. Ако кон овој износ се додадат и потрошените средства за набавка на прехранбени продукти и пијалоци, кои во најголем дел се користени за потребите на кабинетот на градоначалникот, во вкупен износ од 558.329 денари, произлегува дека за ручеци и пијалоци општината потрошила 1.743.849 денари или 28 448 евра, износ кој е премногу голем за општина со ограничени финансиски ресурси.

По локалните избори и смената на актуелната локална власт ќе и ставиме крај на ваквата практика. Драстично ќе ги намалиме сите непродуктивни трошења како што се трошоците за репрезентација, дневници за службени патувања, за службени телефони, за весници. Наспроти тоа, приоритет ќе имаат проектите од животно значење за граѓаните и социјалните трансфери.“ – велат од СДСМ.

OhridNews