Имајќи ја во предвид корисноста од создавање услови за спортување се со цел правилен физички развој на сите генерации, прашуваме зошто сеуште не е изграден затворениот пливачки базен во Охрид, кој ветивте дека ќе биде готов до 2017-та година, прашуваат од ОО на СДСМ.
– До каде е изградбата на повеќенаменското игралиште во Лескоец кое според ветените рокови требаше да биде пуштено во употреба во 2014-та година. Зарем Лескоец изостана зад новите ветувања за спортски и детски игралишта во с. Пештани и населбата Железничка? Во насока на развој на спортот и поттикнување на екстремните спортови ветивте дека во 2013-та година на Галичица ќе изградите база за летнување , а во Љубаништа база за слетување за екстремни спортови со лесни летала, велат од СДСМ.
Додаваат дека спортистите кои се занимаваат со екстремните спортови, сеуште сами си обезбедуваат услови за летање и слетување со лесни летала, проект кој е ветен, но не и реализиран.
– Да ве потсетиме дека ветувавте и Катастар на спортски објекти, кој според роковите требаше во 2013-та година да даде целосна слика на спортските објекти во Охрид. Ветивте и не остваривте. Наместо тоа, продолжувате напред со нови ветувања. Леснотијата со која ветувате низа нови проекти пред старите, не го охрабрува овој народ. Нашите граѓани се нашето богатство, а ние заедно со нив ќе успееме да донесеме живот за сите во Охрид, велат од СДСМ.
OhridNews