Општинската организација на СДСМ од Охрид денес одржа прес конференција на која се зборуваше за проблемите со кои се соочуваат жителите на станбениот комплекс во населбата Видобишта.
-Оваа населба којашто се наоѓа на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови. Улиците „Момчило Јорданоски“ и „Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови. За овие граѓани проблем е секое излегување од дома. Кога врне дожд или кога има снег проблемот дополнително се усложнува. Поради тешко проодниот пат сериозно е отежнат пристапот на возилата на брзата помош или на противпожарната бригада, рече Александар Кузески, секретар на Општинската организација на СДСМ од Охрид.
Тој побара од локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески конечно да се зафатат со решавање на вистинските проблеми на граѓаните и на жителите од оваа населба да им обезбедат основни услови за нормален живот.
OhridNews