СДСМ ги демантира наводите на ВМРО ДПМНЕ, која во реакцијата по повод поставувањето на провокативните билборди на кои се исмејува градоначалникот на Охрид, обвини дека таквите потези се типични за политичкиот ривал.

-Гебелсовски бисери од кујната на ВМРО ДПМНЕ имало и ќе има. И тоа никого повеќе не го изненадува и не го чуди. Но, она што го објавија во нивното последно соопштение дека нарачател на провокативните билборди во Охрид е СДСМ и Бранко Црвенкоски, никако не може да се толкува со логиката на здравиот разум, освен да се заклучи дека ВМРО ДПМНЕ е во патолошки страв и очај дека ја губи довербата на народот и дека избројани се деновите кога, на многу срамен начин , ке бидат тргнати од власта која повеќе од 3 години ја злоупотребуваат со криминал и лични интереси.Патолошкиот страв од губењето на власта, не е ништо ново и непознато во историјата на апсолутистичките и диктаторски режими на владеење.
Исто така , не е нов и непознат ниту начинот како завршуваат таквите владатели – се вели во соопштението на ООСДСМ – Охрид.

OhridNews