Уште во 2015та ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека градскиот кеј ќе добие реконструкција и дека истиот ќе биде привлечно место за прошетка за охриѓани но и на бројните гости од земјава и странство, се вели во реакцијата на ОО СДСМ на денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник Митко Тилевски кој го промовираше проектот за реконструкција на градскиот кеј.
„Како што се уште можеме да видиме градскиот кеј е сеуште со старото руво, нереконструиран и со значителни оштетувања. Откако ги излажаа граѓаните дека ќе го реконструираат охридскиот кеј сега излегоа со ново ветување дека ќе изграделе современо уреден кеј.
Играта на зборови е уште една алатка во предизборието на ДПМНЕ.
Современо уредениот кеј е уште едно од Вашите многубројни неисполнети ветувања за кои ќе бидеме сведоци во периодот што следи.
Граѓаните овој пат знаат на кого да му веруваат. Со заеднички труд, заедничка работа и заеднички вложувања ќе го вратиме Охрид во вистинскиот сјај како што му доликува да биде .
Заедно со граѓаните можеме, знаеме и заедно ќе успееме Охрид да го направиме попристојно место за живеење. Живот за сите во Охрид.“ – се вели во соопштенето на ОО СДСМ Охрид.
OhridNews