СДСМ му забележува на пратеникот Александар Николоски дека води медиумска кампања со која се обидува нереално да ја претстави состојбата.
– Додека огромен број граѓани на Охрид и посебно Пештани мака- мачат како да се одбранат од надојдените води, пратеникот Александар Николоски ги убедува граѓаните дека паниката се прави само заради нечија медиумска промоција.
Многупати до сега сме му порачувале,а тоа ќе го направиме и овој пат:
Многу му е попаметно да не се меша во работи за кои не е ниту стручен, ниту компетентен, ниту пак повикан. Тој е избран од граѓаните и треба да ги застапува нивните интереси. А, ако веќе не може со ништо да им помогне, тогаш барем нека не им одмогнува и нека не им го загорчува животот уште повеќе отколку што им го загорчи неговиот премиер. – стои во соопштението
СДСМ упати критики и до новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, кому му забележува дека само во рок од два дена на оваа функција, успеал да ја вработи својата сопруга во државниот просветен инспекторат.
– Овој факт, сам по себе доволно зборува за перспективноста на новиот вмровски кадар во успешното остварување на нивната зацртана државна политика за масовна партизација и вмроизација на сите државни органи, се вели на крајот од соопштението на ОО СДСМ – Охрид.