Опозицискиот Социјалдемократски сојуз денеска изпрати соопште до медиумите во кое ја обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека скандалозно ја партизира администрацијата на локалната самоуправа во Охрид со функционери вмешани во корупциски афери.
Како што арои во соопштението, пред три дена, наводно на некаков проект, во општина Охрид работно се ангажирани двајца поранешни владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ, поврзани со афери за големи финансиски проневери со парите од европските фондови.
„Бошко Нелкоски е поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми, за кој во јавноста изби голем скандал. Во медиумите Нелкоски беше посочуван како одговорен за злоупотреба и проневера на голема сума пари од европските фондови. Печатен медиум објави дека тој, како директор на Агенцијата, доделил европски пари за проект на невладина организација од Струга, со која претходно и самиот раководел.
Европската комисија направи истрага за незаконската распределба на парите од страна на директорот на „роднински“ и „пријателски“ организации, по што ги укина паричните средства за Македонија. Дури и Антикорупциската комисија тогаш заклучи дека постои основано сомневање дека во периодот 2008 – 2009 година директорот сторил кривични дела, злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата. Нелкоски беше принуден да си поднесе оставка од позицијата директор. Сега токму Бошко Нелкоски ВМРО-ДПМНЕ го вдомува во Општина Охрид.“- се вели во соопштенито.
Опозициската партија посочува уште еден случај на ангажирање на функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно вмешани во корупциски афери.
„Игор Домазатоски е поранешен член на Управниот одбор на Националната агенција и овластен потписник на струшката невладина организација, која во времето додека тој бил дел од Агенцијата, неговата организација добивала сомнителни грантови. Тогаш, на име на проекти за образованието, струшки невладини организации, блиски до власта, примиле речиси половина милион евра од европските фондови, кои биле доделувани исклучиво по партиска, роднинска и пријателска основа. Сега токму Игор Домазетоски ВМРО-ДПМНЕ го вдомува во Општина Охрид.
Додека чесните, способните и високо едуцираните млади кадри од Охрид мака мачат да дојдат до работа, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само нејзините партиски војници кошто имаат, најблаго речено, сомнително минато, токму во работата со финансирање на проекти.“-стои во соопштението на СДСМ.
Опозициската СДСМ најави дека доколку дојде на вчаст, ќе следува законска ревизија на сите сомнителни договори.
OhridNews