“Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со гласањето на измените на Законот за работни односи уште еднаш најсурово ја демонстрираа нивната бесмислена и манипулаторска политика која од ден на ден го прави животот понепристоен, потежок и суров”, обвини денеска на прес-конференција, портпаролката на Општинската организација на СДСМ од Охрид, Анита Азеска.
Таа ги исктритикува намалувањето на деновите од работниот одмор од 26 на 20 дена, укинувањето на правото на работникот да има увид во плаќањето на неговото пензиско и здравствено осигурување, можноста после прогласувањето за технолошки вишок местото да го заземе друг работник, а запраша и зошто работникот не може да се квалификува или доквалификува и во компанијата во која е вработен.
” Власта на патот во борбата против алкохолизмот ја стави својата рака во џебот на трговците, а индиректно и во џебот на граѓаните. На собраниска седница за само неколку секунди, износот на лиценцата за продажба на алкохолни пијалаци нарасна на несватливи 20.000 денари”, рече Азеска.
За случувањата во образованието, на денешната прес-конференција беше речено дека се посебна приказана со опасни и непроценливи далекусежни последици.
СДСМ ја обвини власта дека се служи со ниска политичка и реторичка култура и дека во изминатите два мандати кога ВМРО-ДПМНЕ била во локалната власт направила општина за срамење, блокирана по сите линии и премногу задолжена.
А.Ристоска