ОО на СДСМ – Охрид најостро ги демантира обвинувањата на ОК ВМРО ДПМНЕ -Охрид во врска со наводно уништените билборди во Охрид, се наведува во соопштението што пристигна во нашата редакција:

„Изборниот Штаб на ОО на СДСМ – Охрид најостро реагира против наведените инсинуации и невистини дека нашите активисти имаат било каква врска со овој чин.

ОО на СДСМ – Охрид го осудува и се спротиставува на било какво уништување на рекламните материјали на изборните коалиции и политички партии. Жалосно е што наместо да се занимаваат со сопствената изборна кампања, во ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид измислуваат невистини и лаги, само за да го рушат авторитетот на Коалицијата СОНЦЕ.Во цивилизирана Европска држава, цивилизирана политичка партија не лиферува лажни соопштенија за јавноста, како што тоа го прават наводните преродбеници од Охрид.“

ОО СДСМ – ОХРИД