Јованоски реле дека пратеникот Николоски пука во погрешна мета и се служи со небулози и лаги фабрикувани во партискиот штаб за да ја замаа јавноста со непостоечки проблем, посочувајчи дека приватизацијата на делот од плоштадот во Охрид и комплексот „Летница“, е извршена во време на владеење на ВМРО ДПМНЕ.
– Деталниот урбанистички план за овој дел на Охрид е изработен и изменет во далечаната 2000 година кога власта во Македонија и општина Охрид ја држеше токму партијата на Николоски. Факт е и тоа дека овој простор е строго заштитена зона и за се што се изведува на него, мислења и одоброние даваАт Заводот и Музеј Охрид и Министерството за култура. А, исто така факт е и тоа дека, како и за секој граѓанин, така и за сопствениците на овој имот, законско е правото да бараат да инвестираат, односно да градат согласно урбанистичкиот план кој е одобрен во далечната 2000 година. Тоа се средства од приватни лица, а не на општината или на град Охрид. Аналогно на сето претходно кажано, кристално јасно е дека последниот збор за тоа дали сега или кога и да е ќе се гради нешто на охридскиот плоштад, го имаат институциите кои се во надлежност на централната власт, истакна Јованоски.
Тој посочи дека за Локалната власт, прашањето на комплексот Летница не е никаков приоритет и не е на дневен ред за разлика од Централната власт која, како што рече, гради мачки, лавови, колиби и слично, додека опшината Охрид гради водоводи и канализации и објекти кои се од животен интерес за граѓаните.