Новата влада ќе ја предводи СДСМ, а преговорите за идниот нејзин состав ќе почнат по празникот Илилинден, најави партијата СДСМ која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички мандати – 46. До тогаш партијата планира да одмори од политички активности и да им даде простор да одморат и на граѓаните. На одмор ќе оди и лидерот Заев, кој ќе одмара во државата.

Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции. – информира СДСМ.

OhridNews