По повод започнувањето на изборната кампања, ОО на СДСМ – Охрид утре на пладне ќе одржи средба со новинарите.
На средбата ќе присуствуваат претседателите на општинскиот и регионалниот изборен штаб ИЕ5 на СДСМ, како и кандидатите за пратеници од Охрид на изборната листа СОНЦЕ – КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПА.
На прес конференцијата, како што е најавено, ќе бидат претставени принципите, начелата и насоките, според кои ќе се реализира претстојната изборна кампања на СОНЦЕ – КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЕВРОПА, предводена од СДСМ.
ohridnews