Според СДСМ тоа претставува отворен притисок врз електронскиот медиум, со цел да се замолчaт сите оние кои мислат поинаакт од актуелната власт.
– Малку му беша уништувањето на А1 телевизија и весниците ВРЕМЕ,ШПИЦ и КОХА Е РЕ, па сега почна да ги уништува и локалните медиуми кои не мислат како него. Прашуваме.Зошто на информативен разговор за списокот за партиските вработувања,охридската полиција го викнала сопственикот на електронскиот медиум Љупчо Танески, а не некој од челниците од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што на сите им е јасно дека одговорите се токму таму, истакна Љупка Иваноска, портпарол на ОО СДСМ.