Имено, со Законот за претворање на побарувањата на РСМ по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во Јавното претпријатие Колекторски систем во вредност од 281.314.174,00 денари ќе бидат одблокирани и Општините Охрид и Струга кои беа како гаранти на овој преземен долг од страна на МЈП Проаква, а по основ на неисплатени средства од нивна страна кон странски кредитор, велат од СДСМ Охрид.

Владата предводена од СДСМ преку Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано вложува во колекторскиот систем. После формирањето на претпријатието, колекторот кој беше 40 години воопшто неодржуван, е донесен во функционален систем кој на најмалку два пати во невремиња го спаси градот од поплави. Во 2020 година инвестирани се 254.000.000,00 денари, а годинава со 47.000.000,00 денари продолжува санацијата на колекторксиот систем, потенцираат.

Меѓу останатите бројни активности, додаваат, менаџментот на јавното претпријатие работи и на решавање на деценискиот проблем во Грашница.

Добиен е исто така и грант од 960.000,00 евра од Шпанската влада со кои се изработуваат проекти за пречистителни станици во Љубаништа, Радожда и нова пречистителна станица во Подмоље исклучиво за охридскиот дел, проект за собирање на секундарна канализација од с.Елшани и нејзино спроведување во колекторскиот систем, велат.

Додаваат дека несебичниот влог на државата преку ресорсното министерство и менаџментот на претпријатието е видлив и претставува значително олеснување и решавање на сите горливи проблеми на охриѓани.

OhridNews