Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешниот 11 -ти Конгрес  што се одржа во Скопје ја усвои новата програма, каде акцентот е ставен на економските прашања, пренесува телевизија „Телма“.

Програмата, насловена „Решенија за Македонија” меѓу другото нуди и нова даночна политика, пониски даноци за сиромашните, а повисоки за богатите, подобра бизнис клима, стимулирање на инвестициите. Новата програма е содржана во 193 страници. Седумдесет проценти од содржината се базира на економските прашања, додека останатиот дел се однесува на социјалните прашања, образованието и правдата. Пред граѓаните ќе излеземе со нови решенија. Директно на средби со нив ќе ги уверуваме дека нудиме решенија за дефектите во повеќе сектори во државата. Загрозени се човековите права и неопходни се промени, изјави потпретседателот на СДСМ, Андреј Петров.

На Конгресот СДСМ го усвои новиот официјален партиски симбол – жолта ѕвезда со стилизирана роза, како и новата партиска химна.

Ohridnews