Сиљановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност – доброволно служење воен рок одамна постои, реагираат на изјавата на претседателката Гордан Сиљановска – Давкова денес од Охрид во која посочи дека можеби би требало да се размислува во насока да им се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.

Сиљановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите од нејзина надлежност. Дава предлози за некакви консултации околу прашања кои одамна се решени. Имено, доволно ќе беше да прочита барем дел на суштинскиот закон кој ја дефинира нејзината надлежност, законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении, истакнуваат од СДСМ.

Имено, посочуваат, според Законот за Армија, воената служба на граѓаните се состои од 1) Доброволно служење на воен рок и 2) Служба во резервните сили на Армијата.

Сиљановска Давкова од почетокот на својата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања, додаваат во соопштението од СДСМ.

OhridNews