СДСМ, пред малку ја објави единаесеттата бомба од седиштето на општинската организација на партијата во Струмица. Како што велат од СДСМ, разговорите откриваат информации за изборен грабеж во Струмица.

Јавноста можеше да слушне телефонски разговори меѓу Силвана Бонева и премиерот Никола Груевски, премиерот и Драган Павловиќ- Латас, Мендух Тачи и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков како и нов разговор меѓу министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

Според СДСМ од објавените разговори  може де се чуе како инпсекциски служби и државниот апарат се ставаат во функција на изборната кампања, како се вршеле притисоци и рекет врз бизнисмени, и како судството се става во функција на партијата на власт.

 OhridNews