Во време на глобална криза, додека сите институции се борат да го заштитат здравјето на граѓаните, Христијан Мицкоски, синхронизиран со неговиот шеф Груевски, се обидува да шири неоснована паника, политички да профитираат врз грбот на граѓаните. Вака владејачката ВМРО ДПМНЕ реагираше на пресконференцијата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одржана денеска.

Денеска Христијан Мицкоски требаше да се откаже јавно од парите на народот, коишто неговата ВМРО-ДПМНЕ преку Буџетот ги добива од граѓаните. Денеска Мицкоски требаше да им го честита на граѓаните историскиот успех на државата, членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Очигледно, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата деструктивна партија која во клучни моменти за државата, за граѓаните, нема никаков предлог, нема став и секогаш е на спротивната страна. Мицкоски нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија. Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски работеше против напредокот, против ЕУ и НАТО па дури и покачувањето на пензиите и минималната плата. Неговите пратеници ги блокираа собраниските комисии и правеа се да не се покачат платите и пензиите. Но, не успеаа. – се вели меѓу другото во реакцијата на СДСМ.

OhridNews