Образовниот работник и пратеник во актуелниот состав на Собранието во оставка, Жаклина Лазаревска, ќе се бори за втор мандат. Одлуката два дена по промоцијата на кандидатските листи на конгресот на СДСМ во Скопје, ја донесе владејачката партија која ја предводи широката коалиција која на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи под слоганот “Можеме”.

Лазаревска е втор кандидат од Охрид во 5 Изборна единица, каде ќе биде осма на листата што ја предводи потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Таа го зазеде местото на Александра Цветкоска од Кичево.

На листата покрај Лазаревска на 4то место ќе биде и претседателот на огранокот на СДСМ во Охрид Лазе Танески.

Инаку рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија истекува вечерва на полноќ.

Г.М.