СДСМ се откажа од барањата со кои условуваше учество на следните парламентарни избори, а партискиот лидер Бранко Црвенковски најави учество на следните парламентарни изборим, јавува „Макфакс“.

 Но, како што вели Црвенковски, партијата не се враќа во Собранието.

„Донесете каков сакате изборен закон. Направете каков сакате избирачки список. Трошете од буџетот колку сакате за ваше рекламирање по медиуми. Само соопштете го денот на избори и ние сме тука! Вие со вашиот закон, со вашиот избирачки список, со вашите медиуми, со вашите 220 милиони евра за купување на гласови на едната страна и ние со народот на другата страна. И ќе ве победиме! Со силата на народот ќе ве победиме!“, изјави Црвенковски.

Меѓу барањата што не беа усогласени меѓу власта и опозицијата беше донесувањето на закон за рамномерна распределба на буџетските средства за јавни кампањи и деблокирање на сметки на медиумите од „Перо Наков“ б.б., кое подоцна го преформулираа како барање УЈП да не изнесува нови побарувања до медиумите до одржувањето на изборите.

OhridNews
извор: „Макфакс“