Социјалдемкократскиот сојуз на Македонија – СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи самостојно, изјави в.д. претседсателот на партијата, Зоран Заев. Тој информираше дека имињата на кандидатите за градоначалници ќе бидат соопштени до 23 декември. До тогаш треба да биде потврдена и одлуката за Охрид, каде се очекува СДСМ да истрча со актуелниот градоначалник Александар Петрески, но тоа до дега официјално не е потврдено.

Раздвижено е и во ВМРО ДПМНЕ. Централниот Комитет на партијата вчера  одржа седница на која бил  усвоен акциски план за настапот на ВМРО-ДПМНЕ на локалните и претседателските избори. Членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оцениле дека овие избори се исклучително значајни за Македонија бидејќи со нив ќе започне битката за конечна победа над транзициските политичари.

Ниту ВМРО ДПМНЕ не брза со објавување на имињата на кандидатите за градоначалници.  Како што веќе објавивме деновиве, постапката за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  во Охрид, како и за изборот на кандидат за градоначалник е во процедура, која според првичните најави од  партијата треба да заврши до крајот на ноември.

Ohridnews