Општинската организација на СДСМ од Охрид преку писмено соопштение испратено до медимите реагираше дека во непосредна близина на новиот плоштад и новата фонтана кај Мини Маркет се наоѓа неуреден простор кој претставуавa лоша слика за Охрид.

-До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана. Само на метар од фонтаната, а истовремено на метар и од градинка и училиште, како во џунгла да се наоѓаме, а не на главна улица. На метар од детска градинка и училиште расте шума во којашто има разни животинки, од глувци до змии, а некогаш просторот се користи и како јавен тоалет на случајните минувачи. Власта на ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана за скапи канделабри и градење и рушење на фонтаната и по неколку пати, но не и за рационално уредување на околината каде што секојдневно играат нашите деца, велат од СДСМ.

Оттаму потенцираат дека градоначалникот Бакрачески со леснотија прифатил да ги следи политиките на неговиот ментор, премирерот во заминување Никола Груевски во коишто бизнис интересите се пред интересите на граѓаните.  

OhridNews