Катастрофалните се последиците од четиригодишното неодговорно и криминално владеење на Никола Груески и фамилијата, секој ден, се повеќе и повеќе, ги чувствуваат граѓаните во сите градови во Република Македонија, велат од СДСМ. Општинскатра организација на оваа партија во Охрид, денеска на прес конференција изнесе сериозни обвинувања кој власта.
 – Намерно или од незнаење,  она што во последно време му се случува на Охрид  е вистинска елементарна непогода која го урнисува неговиот со векови граден углед на безбеден туристички и културен центар, познат и признат ширум целиот свет.Откако оваа самобендисана и ненародна власт, на последните локални избори, и по вторпат, ги изгуби изборите за Охрид, започнаа опструкциите, блокадите, беззаконието и хаосот.Плажите кои по партиски врски и критериуми ги подели Министерството за транспорт и врски, место катче за одмор, се претворија во ноќни клубови со диво изградени објекти од над 500 метри квадратни и платформи кои пропаѓаат со се посетители и  кои го нарушуваат мирот и спокојството на граѓаните во текот на целата ноќ.-истакна Науме Јованоски, претседател на ОО СДСМ –Охрид.

Тој нагласи дека Охрид станал сообраќајно слепо црево во Југоисточна Европа  без соодветна патната инфраструктура и побара наместо да се трошат  3,5 милиони евра за колиби да се воспостават пловни патишта и регулација на водниот сообраќак на Охридското Езеро. Јованоски побара и одговорност од Капетанијата која како што беше истакнато ја водат нестручни и неспособни лица, а забелечки беа искажани и на сметка на полицијата.

– Како е возможно, среде туристичка сезона,  да нема гориво за полициските возила и да нема кој да го регулира сообраќајот за време на сообраќајните шпицеви, што резултираше со зголемен број на сообраќајни незгоди и жртви? Како е возможно, во најголемиот туристички центар, во екот на туристичката сезона, еден час да се случува вистинска бркотница и драма со трагичен епилог во кој е загубен млад човечки живот на странски државјанин, а во најстрогиот центар на градот да нема ниту едно овластено службено лице од МВР?-праша Јовановски, кој побара од министерката за внатрешни работи итно да ги разреши лицата кои се на раководни места во СВР – Охрид.

OhridNews