СДСМ грижата за подобар живот за сите пензионери за нецели три години ја водеше преку овозможување: повисоки пензии, достапни лекови во секој период од месецот, бесплатни здравствени услуги, воведена социјална пензија и нега во домашни услови. Ова вo изјава за медиумите го истакна пратеничката на СДСМ од Охрид Жаклина Лазаревска.

Дефицитот на пензискиот фонд кој го наследивме е намален, а пензиите за првпат се исплатија без задолжување. Ова го правиме без покачување на старосната граница, рече Лазаервска, која посочи дека одлуките на СДСМ во оваа сфера биле храбри.

Над 324.000 пензионери добија покачување на јанураската пензија од 722 денари. Ќе има и дополнително усогласување од 160 до 200 денари. Така до крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари. Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари, за три години е зголемена за 1.746 денари. Водејќи сметка за сите катеогрии граѓани воведовме и социјална пензија, која засега ја користат околу 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија. Ова значи повисок стандард , поквалитетен живот за повозрасните – оние кои кои го граделе нашето општество. – рече Лазаревска.

Таа ги посочи и мерките за укинување на месечните квоти на лековите, бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава, како и издвојувањето на 10 милиони евра за развој на социјални услуги на локално ниво.

OhridNews