СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Кривична пријава против премиерот Никола Груевски, за сторено кривично дело оддавање службена тајна.
– Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив, изјави генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски.
При тоа Спасовски додаде дека во Македонија правниот систем е сериозно нарушен, што се покажало и од материјалите коишто ги објавила партијата и дека не може да се има верба во институциите на системот бидејќи се под директна партиска контрола.
– Ние се уште сметаме дека треба да се одважат јавните обвинители во Македонија и дел од судиите за да застанат на страната на правдата на страната на граѓаните. Тоа е една од последните шанси за ова наше општество во Македонија, иако реков дека до крај е партизирано и поклопено од власта на Никола Груевски, рече Спасовски.
Спасовски изјави дека материјалите се добиени од луѓе патриоти кои и мислат добро на Република Македонија.
OhridNews