Охридската јавност е добро запознаена со манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај многуте ветени, а неостварени проекти во изминативе години можеме само да им сугерираме, кога ветуваат барем нека покажат елементарно познавање на работите, вела тод општинската СДСМ.
– Плоштадот кај Чинарот не се вика плоштад „Крушевска Република“ . Имено, плоштадот во 1993 година со одлука на Советот на општина Охрид е преименуван во плоштад „Чинар“. ( Службен гласник на општина Охрид бр. 6 од 1993 година). Доколку бевте сериозни во намерите да ги остварите ваквите проекти, ќе покажевте поголема сериозност кон граѓаните на Охрид. Но, Охрид овој пат има избор, велат од СДСМ.