Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок со кој побара градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, веднаш да ја прекине посетата на Австралија и во најкус временски период да се врати во Охрид, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.

– За СДСМ посетата на Австралија од страна градоначалникот на Охрид Александар Петрески  е негова голема и недозволива грешка во ваква ситуација. Во ситуацијата во која се наоѓа целото крајбрежје на Охридското Езеро, градоначалникот Петрески треба да биде меѓу граѓаните на Охрид, се вели во соопштението на партијата.

ОhridNews