Кој сега ги злоупотребува општинските простории за партиски цели? – прашува ОО СДСМ Дебрца, кој атврди дека општинските простории и службените возила во Дебрца актуелната локална власт и градоначалникот ги користат за партиски цели. 

„По локалните избори наместо за партиски цели општинската зграда на поранешната општина Мешеишта, во село Мешеишта ќе ја ставиме во функција на граѓаните. Ќе отвориме општинска канцеларија и канцеларија на општинското комунално претпријатие, каде граѓаните ќе можат да добиваат дел од општинските и услугите на општинското комунално претпријатие, со што ќе се намалат нивните трошоци за патување до центарот на општината.“ – велат од ОО СДСМ – Дебрца. 

OhridNews