Лага е дека преговорите со ЕУ се условени. Ова стои во острата реакција на СДСМ на обвинувањата што денеска на прес конференција ги изнесе потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, дека стартот на преговорите на земјата со ЕУ се условени од Република Бугарија.

 

Уште една лага во низата на Николовски е дека нашиот сосед Бугарија го условува датумот за преговори со Европската Унија. Одлуката на ЕУ за почеток на преговори со нашата татковина и покрај желбата на ВМРО-ДПМНЕ и Николовски никогаш да не се случи е реалност и не условена од никого. – се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија го нападна Николоски нарекувајќи го остаток од режимот на Никола Груевски кој креира лажни вести за што има и судска пресуда.

OhridNews

ВМРО ДПМНЕ: Зошто се крие документот со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на Македонија