Општата Болница во Охрид, веќе подолго време е во хаотична состојба и пука по сите шевови, тврди Општинската организација на СДСМ од Охрид. Тие денес на прес конференција го обвинија моменталното  раководство на болницата дека се помалиот број на хирушки интервенции и пациенти во болницата се должи на нивното неорганизирано и несоодветно работење.

-Во изминатата 2009-та година над 150 пациенти од Охрид користеле хируршки интервенции во други градови, а само за 3 месеци од годинава,  тој број достигнал над 50 пациенти. Ова се должи на фактот што Охридската болница, нема адекванта Хирургија и со тоа е сведена на ниво на селска амбуланта од периодот пред педесетина години.-рече д-р Ангеле Гиноски.


Тој го запраша раководството на болницата  Зошто нема соодветен мониторинг во единиците за интензивна нега на хирургија и гинекологија и зошто болницата има нови долгови од над 500 илјади евра, од кои 120 илјади евра се за инсулинска терапија. Тој го отвори и прашањето за доцнењето на платите на медицинскиот персонал.

-Зошто, иако денес е шеснаесетти, вработените во болницата се уште, не ја примиле мартовската плата и зошто налозите за плата се прават под еден датум, а се исплатуваат по друг. –праша д-р Гиноски.


Д-р Ангеле Гиноски

Тој нагласи дека располагаат со информации, кои говорат дека во  болницата се вршат партиски вработувања со договори на дело, а од друга страна се прават листи за технолошки вишоци , за персоналот кој не е од партијата,  на која и припаѓа актуелното раководството на болницата. 

OhridNews