Улицата „7-ми Ноември“ повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година, реагираат од ОО СДСМ Охрид.

Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга „математика” е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците? Прекопувањето на улицата, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може за жал да доведат до немили настани. Улицата е ужас за народот.

Сопствените замисли и хирови, велат, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението, посочувајќи ги и коментарите на охриѓани по медиумите и социјалните мрежи дека улицата „7-ми Ноември” моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци.

Две години прекопувате и прередувате од едно место на друго. Зарем и следните две така ќе ги поминете?, додаваат во реакцијата од ОО СДСМ Охрид.

OhridNews