Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Охрид, на седница што ќе се одржи вечерва ќе избира свои претстaвници во Централниот и Надзорниот одбор на партијата.
Охридските социјадемократи ќе избирaат помеѓу 50 пријавени кандидати, ни изјави претседателот на општинската организација, Томе Чингоски. Според бројот на гласачи на територија на општината, на Охрид му припаѓаат 8 места во Централниот одбор и едно во Надзорниот одбор, појасни Чингоски.