„За вистински можности за правилен раст и развој на децата” гласеше „визијата” со која Пецаков и ДПМНЕ пред две години најавуваа градежен бум во областа на терени и игралишта за деца и млади. И како добронамерени граѓани би дале громогласен аплауз на нивното ветување, бидејќи вистина децата се нашата иднина. И во оваа област за жал, празни ветувања… разочарана е најсуптилната категорија луѓе, реагираат од ОО СДСМ Охрид.

Фактите говорат дека алчната Локална власт склучила Договор за јавна набавка со вртоглави 7.379.533 денари, или околу 120.000 евра поделени по ставки за реконтрукција на спортски игралишта и набавка и монтажа на детски реквизити на постоечки игралишта и изградба на детски и повеќенаменски игралишта. Ова се пари од граѓаните, господо Локалци!!! Со намена за деца!!! А не за вие да шерифувате со нив и да манипулирате. На што ли личат детските игралишта?, велат.

Како пример ги посочуваат детските игралишта во нас. Црногорци, Бараки, ул. „Туристичка“ кај Окта, Лескајца, како и оние во детските градинки.

Парите кои сте ги предвиделе се повеќе од доволно, а не да изгледаат игралиштата оскудни и без никаква радост за децата!!! Ако и нив стигнавте да ги разочарате, тогаш дефинитивно го заслужувате епитетот најнеспособни, понеспособни досега немало, додаваат во реакцијата од ОО СДСМ Охрид.

OhridNews